Лидерот на британската опозиција

Корбин поддржа втор референдум за брегзитот

Лидерот на британските опозициски лабуристи Џереми Корбин поддржа денес втор референдум за каков било договор за брегзитот, што е неговата досега најсилна поддршка за референдум, но кажа дека мора да бидат понудени „реални избори“ за оние кои сакаат да останат или да ја напуштат ЕУ.

Корбин, кој е инстинктивен критичар на Европската Унија, беше под сѐ поголем притисок недвосмислено да поддржи втор референдум за да ги задоволи многуте членови и парламентарни претставници на својата партија кои сметаат дека тоа е единственото решение за разбивање на кризата создадена поради неможноста за склучување договор за брегзитот.

Лидерот на лабуристите претходно покажа дека повеќе сака нови парламентарни избори, речиси три години откако Британците гласаа за напуштање на ЕУ.

Прашањата како, кога и дали воопшто треба да се случи брегзитот, длабоко ги поделија лабуристите и владејачките конзервативци.

Корбин го критикуваат поради обидите за задоволување на двата блока во партијата, со тоа што не застана на страната на поддржувачите на останувањето во ЕУ, но ни на поддржувачите на напуштањето.

Неговата најнова промена би можела да го намали притисокот од дел од партијата, но за другите тоа ќе биде премалку и предоцна.

„Веќе одлучив дека сега е праведно да се бара да се гласа за каков било договор. Тоа е во согласност со политиката на нашата конвенција која се сложи дека јавното гласање ќе биде опција“, кажа Корбин.

„Гласачкото ливче ќе мора да содржи реални опции за оние кои гласаа за напуштање и оние оние кои гласаа за останување. Тоа, нормално, ќе зависи од парламентот“, кажа Корбин.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе