ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО БРИТАНИЈА

Корбин: Нема одложување на брегзитот

Лидерот на британската Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека не може да има одложување на брегзитот и дека преговорите за повлекување на Велика Британија од ЕУ мора да продолжат.

„Мора да се оди со преговорите, бидејќи е покренат членот 50, а владата има 11 дена за да ги спроведе преговорите за брегзитот“, рече Корбин, одговарајќи на прашањето дали е можно преговорите, кои треба да почнат на 19 јуни, да бидат одложени.

Корбин за Скај њуз истакна дека ставот на Лабуристичката партија е јасен и дека треба прво да се реши проблемот со вработувањето, така што „најважната работа е трговскиот договор со Европа“.

Коментирајќи ги резултатите на вонредните парламентарни избори, Корбин рече дека тој верува дека лабуристите се победници бидејќи освоиле повеќе места во парламентот и гласови од граѓаните.

Тој истакна дека неговата партија е спремна да предводи малцинска влада, пренесе Ројтерс.

Конзервативците на премиерката Тереза Меј добија најмногу гласови, но не успеаја да освојат мнозинство во парламентот.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе