Лабуристите во налет

Корбин: Можни се нови избори во Британија во 2018, не може повеќе вака

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави дека неговата партија не победила на вонредните парламентарни избори, но остварила неверојатно добар резултат.

Освен тоа, тој тврди дека се „сосема можни“ нови избори на почетокот на 2018 година.

„Не можме повеќе вака“, кажа Корбин, а пренесува Гардијан.

Зборувајќи за коалицијата меѓу Конзервативната партија и ДУП од Северна Ирска, Корбин кажа дека не гледа што имаат тие две партии заедничко.

„Не гледам што ќе стават во говорот на кралицата. Планот и програмата на лабуристите се јасни“, истакна лидерот на британската опозиција.

На вонредните парламентарни избори одржани во четвртокот во Велика Британија најголем број пратеници освоија ториевците, но го загубија мнозинството во парламентот. Поради тоа мора да прават коалиција, а како главен кандидат се појави десничарската партија ДУП од Северна Ирска.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе