Корбин: Лабуристите ќе сторат сè што можат за да спречат брегзит без договор (ВИДЕО)

Британските опозициски лабуристи ќе сторат сè што можат за да ја спречат земјата да ја напушти Европската Унија без договор, рече во неделата лидерот на партијата, Џереми Корбин.

Борис Џонсон во средата ја презеде функцијата премиер со ветување дека до 31 октомври ќе го исполни брегзитот „па што и да биде“, а владата ги засилува подготовките за излез без договор.

„Ние ќе сториме сè за да спречиме излез без договор и ќе сториме сè за да ја оспориме оваа влада“, изјави Корбин за Скај њуз.

Запрашан за изгледите за притисок за гласање недоверба во владата, Корбин рече дека „ќе ја разгледа ситуацијата“ кога парламентот во септември ќе се врати од летниот одмор.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе