Мажот бил уапсен во октомври додека „влегувал во такси откако излезе од авион што слета на аеродромот во Багдад“, изјави за Франс прес Сабах ал-Ноаман, портпарол на елитната единица за антитероризам.
На прашањето од новинската агенција тој не сакал да го открие вистинскиот идентитет на Абу Наба, од каде потекнува или како можел да патува иако во Ирак била во тек потрага по него.
Абу Наба беше „голема мета“, човек што го почна својот џихадистички поход со Ал каеда во 2003 година, а подоцна се приклучувал на различни групи. ИСИС контролираше скоро третина од Ирак некое време, но беше потисната кон крајот на 2017 година по крвави тригодишни борби, додава ал-Ноаман.
„Тој бил во контакт со членови на ИСИС во Ирак и ние долго време ја следевме нивната комуникација“, рече тој. „Абу Наба се занимавал со финансии, испраќање пораки и организирање состаноци“.
Тој „беше главниот координатор“ на организацијата, која денес пропаѓа откако во 2019 година во Сирија го загуби самопрогласениот „калифат“.
Човекот, кој е во притвор од апсењето во октомври, треба да се појави на суд по тековниот распит. Тој се соочува со смртна казна и само за членството во терористичката организација.
Стотици смртни казни им беа изречени на ирачки и странски борци на ИСИС во Ирак во последните неколку години, а неколку веќе беа извршени со бесење.
И покрај прогласувањето победа во декември 2017 година, ИСИС сè уште извршува напади во Ирак, иако со помал обем од порано.
Десет лица беа убиени во саботата во заседа поставена од џихадисти во северен Багдад, а десет дена претходно единаесет лица беа убиени во гранатирање во близина на главниот град.