Постигнат компромис

Конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите постигнаа начелен договор за формирање влада

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите утрово постигнаа начелен договор за формирање на нова германска влада.

Како што се наведува од извори блиски на АФП, постигнат е компромис по преговорите што траеа подолго од 24 часа.

Начелниот договор во текот на денот треба да биде потврден од страна на управните одбори на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија (СПД).

Вчера беше последниот ден од преговорите зад затворени врати, на кои требаше да се започнат чувствителните прашања за мигрантската политика, здравството и финансиите.

Конзервативците и СПД веќе два пати владееле заедно во последните 12 години.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе