Контроверзните руски уставни измени стапуваат на сила

Измените во рускиот устав, вклучително и амандманот што на претседателот Владимир Путин ќе му овозможи да управува со земјата се до 2036 година, стапија на сила во саботата, откако беа потпишани од Путин.

Фото: ЕПА

Гласачите со големо мнозинство ги поддржаа уставните измени усвоени по гласањето што заврши во средата. Речиси 78 проценти од гласачите кои учествуваа на референдумот ги поддржаа уставните измени.

Кремљ резултатот го оцени како триумф, додека критичарите сметаат дека референдумот е нелегален и нелегитимен. Независната мониторинг група оцени дека гласањето наголемо било обележано со неправилности.

Организацијата за европска безбедност и соработка не била набљудувач на референдумот, како што вообичаено е случај со изборите во Русија.

Европската унија побара од Русија да ги испита тврдењата за нерегуларности при гласањето, вклучително и обвинувања за повеќекратно гласање и принуди.

Покрај тоа што измените во уставот му овозможуваат на Путин уште два мандата, до 2036 година, доколку се кандидира и победи на изборите, сите поранешни руски претседатели добиваат имунитет од судско гонење.

Исто така, според новиот устав, бракот ќе се дефинира како заедница на маж и жена, рускиот јазик го доби своето место во уставот, а се споменува и „верата на Русите во Бога“, но земјата ќе остане секуларна држава.

Забрането е да се дава руска територија на други земји, што аналитичарите го поврзуваат со анексијата на Крим.

Измените оневозможуваат Алексеј Навални противникот на рускиот претседател да се кандидира за највисоката политичка функција во следните 15 години, бидејќи секој претседателски кандидат мора да живее во Русија најмалку 25 години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе