Одлуката на врховниот суд на Британија е клучен и контроверзен случај за политиката на укинување на државјанството на Британците кои заминале да се придружат на ИСИС и кои потоа ги заробиле сириските курдски милиции.
Бегум имала 15 години кога со две пријателки од училиште избегала од источен Лондон во Сирија за да се придружат на ИСИС. Британското државјанство ѝ беше укинато во 2019 година откако ја најде новинар во еден затворенички логор.
Иако е родена и порасната во Британија, нејзиното државјанство беше укинато со објаснување дека може да се пријави за државјанство на Бангладеш од каде ѝ се родителите.
Who is Shamima Begum, the schoolgirl who travelled to Syria to join IS? https://t.co/ifmkV1plXN
— ITV News (@itvnews) February 26, 2021
Бегум од тогаш се бори одлуката на тогашниот министер за внатрешни работи Саџид Џавид да се укине и да ѝ се дозволи да се врати во Британија.
Британскиот закон му овозможува на министерот да го укине британското државјанство ако се процени дека таа одлука е во корист на општото добро, но државјанството не може да им се укине на лица кои не можат да се пријават за некое друго.
Бегум како тинејџерка се венчала за милитант на ИСИС и му родила три деца кои сите умреле. По поразот на Исламска држава во Сирија, ја заробиле сириски Курди во 2019, и од тогаш е во затвор и во услови кои нејзиниот адвокат ги опишува како „ужасни“.