Контроверзен десничар најави кандидатура за претседател на Франција

Крајно десничарскиот коментатор Ерик Земур денеска изјави дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција во 2022 година, потврдувајќи ги своите политички амбиции откако со недели доминираше на насловните страни со провокативни коментари за имиграцијата.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Земур, поранешен новинар осуден за поттикнување омраза, станува главен кандидат кој ќе ја предизвика Марин Ле Пен, лидерка на поетаблираното крајно десничарско Национално собрание, за место во вториот круг против претседателот Емануел Макрон.

„Долго бев задоволен со улогата на новинар, но повеќе не верувам дека политичарите ќе имаат храброст да ја спасат земјата од трагичната судбина што ја очекува“, рече Земур во видеото објавено на социјалните мрежи.

„Затоа решив да се кандидирам на претседателските избори“, додаде тој.

Неговата тврдокорна критика на исламот и имиграцијата го направи поларизирачка фигура, привлекувајќи ја поддршката на избирачката база на Ле Пен и главната конзервативна десница, но исто така го отуѓи од другите во Франција.

По метеорскиот пораст во анкетите во изминативе недели, со неколку анкети кои предвидуваа дека ќе влезе во вториот круг од изборите, неговата популарност опаѓа.

Во оваа фаза, повеќето анкети предвидуваат дека во вториот круг во април следната година ќе бидат Макрон и Ле Пен и дека Макрон најверојатно ќе победи во вториот круг како и на изборите во 2017 година.

Но, Земур во последниве недели извесно време водеше пред Ле Пен, а трката за второ место сè уште е неизвесна и има многу време за повторно да се промени до април.

„Досега тоа беше загревање. Вистинската трка започнува“, стои во меилот на портпаролот „Пријател на Ерик Земур“ испратено пред објавата на видеото на неговите поддржувачи.

Кампањата на Земур е во застој по разни инциденти.

Едниот беше во текот на викендот, кога беше фотографиран како покажува среден прст на демонстрант по бурната кампања во Марсеј. Тој го тужеше и трач магазинот Клоусер, кој објави дека чека дете со својата главна политичка помошничка.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат и дека некои гласачи ги шокирал со провокативни коментари - од тоа дека на деца не треба да им се даваат имиња што звучат странски, до тврдење дека француската влада, која соработувала со нацистите за време на Втората светска војна, ги штитела Евреите. И ја загуби поддршката од некои истакнати поддржувачи, пишуваат француските медиуми.

Земур треба да се појави во главната информативна програма ТФ1 во вторник навечер, што е традиционален настап на кандидатите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе