Се наведува дека тој ќе свика состанок утрото за да ги информира министрите за својата одлука.
Според Ројтерс, Конте се надева дека претседателот Серџо Матарела ќе му го даде мандатот да формира нова влада што ќе има поширока поддршка во парламентот.
Коалицијата што ја сочинува италијанската влада се распадна на 13 јануари, кога коалицискиот партнер на премиерот, Матео Ренци, ги повлече своите министри, втурнувајќи ја земјата во политичка криза во услови на пандемијата на коронавирусот.
Со недели, Ренци, поранешен премиер, ги критикуваше плановите на Конте да ги користи средствата на Европската Унија за да се опорави од пандемијата.