Конте: „Немаме што да криеме“

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави денес дека не крие ништо во врска со одлуките на владата за вонредната состојба воведена поради вирусот ковид-19 и рече дека сите совети добиени од панелот на експерти на ЦТС (Техничкиот научен комитет) ќе бидат јавно објавени.

EPA-EFE/ FILIPPO ATTILI

Конте ја даде изјавата по низата написи во медиумите дека владата не ги следела советите за карантин во два града во Ломбардија, кои први биле погодени од пандемијата, пренесува Анса.

Обвинителите во Бергамо истражуваат дали е сторено кривично дело со тоа што не биле поставени „црвени зони“ во градот Нембро и Алцано Ломбардо со запечатување и затворање на истите.

Владата првично запечатила неколку градови во провинцијата Лоди и еден во Венето, во раните фази на пандемијата.

Истите мерки не биле применети за Нембро и Алцано Ломбардо, за подоцна во март, владата да воведе национален карантин.

Опозициската партија Лига посочи дека документот сугерирал дека владата можела да спречи целосно затворање на градовите доколку ги слушала советите на ЦТС.

„Никогаш не сум вовел државна тајна и јас сум првиот што ќе дозволи сè да се објави. Немаме што да криеме“, рече Конте.

Кога се работи за вакцина, тој рече дека таа ќе биде достапна за неколку месеци, и дека не би требало да биде задолжителна.

„Но, ќе мора да биде достапна за оние кои ја сакаат“, рече Конте.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ FILIPPO ATTILI

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе