Невидени мерки во Италија

Конте: Донесов тешка одлука, наредено е затворање на училиштата

Во Италија од денес 8.5 милиони ученици и студенти во наредните десет дена нема да одат на часови за да се избегне ширењето на коронавирусот од северот кон југот на земјата.

58.000 градинки, основни и средни училишта, гимназии и факултети ќе бидат затворени, што е вонредна мерка единствена во италијанската историја, каде наставата се одвивала и за време на Втората светска војна и бомбардирањето на сојузничките сили.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во средата призна дека донел „тешка одлука“ која била превентивна, иако многу здравствени експерти изразиле сомнеж за ефективноста на таквата мерка.

„Мерката нема да биде ефективна доколку не трае доволно долго“, рече Валтер Рикарди, италијански експерт во Светската здравствена организација (СЗО).

Училиштата ќе бидат затворени до 15 март и италијанската влада до тој датум ќе го разгледа развојот на ситуацијата со ширењето на епидемијата.

Властите, исто така, во овој период ќе го охрабрат образованието на далечина и ќе им биде обезбедена помош на семејствата чии членови не можат да одат на работа затоа што мораат да ги чуваат децата.

Во Италија, од новиот коронавирус починале 107 лица, додека 3.089 се заразени. Од бројот на заразените, 295 се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега во различни болници.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе