Конте: Без понатамошна интеграција, ЕУ ризикува да не биде силен глобален играч

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави денес дека поради кризата предизвикана од пандемијата ковид-19, потребно е да се ажурира дебатата за „типот" на Унијата што ќе овозможи заштита на столбовите на ЕУ, како единствен пазар и Шенген, како и на фундаменталните принципи како што е солидарноста.

„Мора да ги заштитиме и столбовите и принципите на ЕУ каква што ја знаеме со децении и да разбереме дека без понатамошна интеграција, Унијата ризикува да не биде конкурентна и отпорна како глобален играч“, рече Конте во интервјуто за Еурактив Италија, која денес започна да работи во рамки на европската мрежа Еурактив.

„Сакам да додадам дека ова се прашања што бараат придонес на сите членки и дека кризата покажа дека тие повеќе не треба да се одложуваат во името на 'минималистичкиот' пристап кон Европа“, истакна Конте.

Италијанскиот премиер зборуваше и за иднината на Европа и, меѓу другото, го поддржа и крајот на Економската монетарна унија инспириранa од „полна рамнотежа помеѓу одговорноста и солидарноста“.

„Ништо помалку важно не е подобрувањето на постојните опции за поедноставување на одлучувањето во Советот и формата на вклучување на граѓаните, со целосна транспарентност во креирањето на политиките, што е суштинска цел, особено за младите на нашиот континент“, рече Конте.

Италијанскиот премиер исто така рече дека Рим сè уште е „претпазлив“ кога станува збор за користењето на Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) во кризата поради пандемијата на корона вирусот, но дека одлуката ќе биде на парламентот.

Ако новите правила со кои ќе се регулира новата кредитна линија се сметаат за соодветни, на италијанскиот парламент е да одлучи дали ќе ја користи или не, рече Конте.

Вчера, Еврогрупата даде зелено светло за користење на кредитната линија од 240 милијарди евра за поддршка на економиите од еврозоната погодени од пандемијата. Одлучено е максималната доспеаност на заемите да биде десет години со поволна каматна стапка од близу 0,1%.

„Што се однесува до ЕСМ, како што реков многу пати, ние остануваме претпазливи“, повтори Конте.

Коментирајќи ја улогата на Европската централна банка (ЕЦБ) во пандемијата, Конте истакна дека монетарната политика даде „силен прв одговор“.

„Сега Европската комисија и членките мора да го сторат истото“, рече италијанскиот премиер, додавајќи дека доколку фискалниот одговор на пандемијата не е фер кон сите, „ризикуваме многу опасни ефекти“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе