Конгресот пак ќе се обиде да дознае што си кажале Трамп и Путин

Додека претседателот Доналд Трамп се подготвува за уште еден потенцијален состанок со својот руски колега Владимир Путин, Конгресот врши притисок врз Белата куќа да му ги даде документите од нивните претходни разговори.

Републиканецот Илајџа Камингс, кој претседава со Комитетот за надзор и владини реформи, му пратил писмо на шефот на кабинетот во Белата куќа, Мик Мулвејни, дека очекува сите достапни документи и информации за состанокот на Трамп со Путин минатото лето да бидат доставени до Комитетот до 8 јули.

Каминг ги бара и информациите за тоа како Трамп се обидел да ги скрие белешките од преведувачот на состанокот во Хамбург во 2017 и дали се обидел да ги уништи. Тој сака да знае кој моментално ги поседува записниците од состанокот, дали му е дадена копија на Стејт департментот и на кои службеници им биле дадени резимеата од средбите на Трамп и Путин во последните две години.

Вашингтон пост во јануари објави дека Трамп ги скрил деталите од состанокот и белешките од преведувачот, што би можело да биде прекршување на Законот за претседателски записи. Комитетот исто така бара транскрибирано интервју со директорот на Управата за управување со документи во Белата куќа за да разговара за почитувањето со тој закон.

„Законот за претседателски записи е јадрото на законодавната и надзорната јурисдикција на Комитетот за надзор и јас се надевав дека Белата куќа доброволно ќе соработува во оваа истрага“, напишал Камингс во писмото. „Наместо тоа, Белата куќа ги занемари овие легитимни прашања на Конгресот и ги крие основните факти“.

Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Трамп го чека самитот на Г20 во Осака, Јапонија, речиси две години од денот кога по состанокот со Путин на истиот настан во Хамбург, Германија, се обидел да ги скрие белешките на преведувачот.

За Ен-би-си во неделата Трамп изјави дека постои можност да разговара со Путин за обидите на Русија да се вмеша во претстојните претседателски избори. „Ако сакате да го направам тоа, ќе го направам тоа“, рече тој.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе