Конгресот одби да го финансира ѕидот на Трамп, тој веднаш стави вето

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес претрпе голем пораз во Конгресот каде е одбиен неговиот предлог за итно финансирање на ѕидот на границата со Мексико против што беа и 12 републикански сенатори.

Во одбрана на еден од најважните проекти на својот претседателски мандат, Трамп објави дека ќе стави вето на резолуцијата која ја донесоа пратениците. Значи, изградбата на спорниот ѕид може да продолжи.

„ВЕТО!“, објави Трамп на Твитер веднаш по гласањето.

А потоа во следниот твит напиша: „Едвај чекам да вложам вето на таа резолуција предложена од демократите која ќе ги отвори границите со што ќе се зголеми криминалот, дрогата и трговијата со луѓе во нашата земја. Им благодарам на сите силни републиканци кои гласаа за поддршка на граничната безбедност и нашиот очајно потребен ЅИД!“.

Сепак, останува горчлив вкус поради тоа што мора по прв пат да примени вето, со цел да го исполни своето предизборно ветување, иако во Сенатот републиканците го имаат мнозинство (53 од 100 места).

Во последните неколку дена се зголеми бројот на републиканците кои се противат на ситуацијата на вонредна состојба прогласена од претседател со цел да го заобиколи Конгресот кој не сака да му даде пари за ѕидот кој Трамп сака да го изгради со цел да се спречи влезот на илегалните мигранти, дрогата и криминалците во САД.

Вкупно 59 сенатори гласаа за демократската резолуција усвоена од страна на Долниот дом и со која се наведува дека „со ова се укинува вонредната состојба, што претседателот ја прогласи на 15 февруари“.

Трамп пред два дена на Твитер и пред новинарите почна да врши притисок врз сенаторите во во својот табор за да го спречи тој пораз.

„Јужната граница е хуманитарна и ноќна мора за национална безбедност“, објави Трамп на Твитер во текот на утрото.

Трамп, исто така, се обиде да ја оправда уставноста на својата одлука за посегнување по оваа извонредна мерка за да добие околу 8 милијарди долари за ѕидот.

„Адвокатите велат дека ова е целосно во согласност со уставот“, изјави тој пред новинарите воочи гласањето.

Дванаесет републикански сенатори ја поддржаа демократската резолуција бидејќи оценија дека претседателот со неа ги заобиколи овластувањата на Конгресот, кој одлучува за финансии.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе