Конгресот му ги „врзува рацете“ на Трамп: усвоена резолуција поради Иран

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција чија цел е да ги ограничи овластувањата на претседателот на САД Доналд Трамп да почнува воени акции против Иран.

Резолуцијата е усвоена неколку дена откако Трамп го нареди убиството на командантот на иранската елитна единица Кудс Касем Сулејмани.

Со 224 гласа за и 194 против, главно во согласност со партиската припадност, вчера беше потврдена длабоката поделба во Конгресот меѓу демократите, кои го обвинија Трамп дека се однесувал непромислено и гласаа за резолуцијата, и колегите републиканци на Трамп, кои силно го поддржуваат претседателот, јавува Ројтерс.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси претходно најави дека гласањето ќе се одржи бидејќи одделни членови на Конгресот се загрижени поради тоа што Трамповата администрација не ги разгледала стратегијата и одлуките на брифинг со пратениците.

Пелоси го кажа тоа откако Иран возврати со ракетен напад врз воени бази во Ирак во кои има американски трупи.

Таа наведе дека убиството на Сулејмани, извршено од ТРамповата администрација, ги загрозило американските војници, дипломати и други, „ризикувајќи сериозна ескалација на тензиите во односите со Иран“, пренесува Си-ен-би-си.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе