Помеѓу 1950 и 1975 година

Конгресот истражува дали Пентагон развил ново биолошко оружје и го пуштил меѓу Американците

Претставник на Њу Џерси вели дека владата во 60-тите години на минатиот век претворала инсекти во биолошко оружје за ширење болест и дека можеби по грешка ги пуштила меѓу населението.

Претставничкиот дом на САД побара истрага дали корените на ширењето на лајмската болест се во експеримент на Пентагон со крлежи претворани во оружје.

Домот одобри амандман предложен од републиканскиот конгресмен од Њу Џерси Крис Смит, според кој главниот инспектор од одделот за одбрана треба да спроведе истрага за тоа дали САД „експериментирале со крлежи и други инсекти во врска со нивна употреба како биолошко оружје помеѓу годините 1950 и 1975“.

Прегледот ќе мора да го процени опсегот на експериментот и „дали некои крлежи или инсекти што се користат во таков експеримент биле ослободени надвор од некоја лабораторија случајно или за експериментални цели“.

Амандманот беше одобрен со гласање во Домот и беше додаден на закон за расходи за одбраната, но законот допрва треба да се усогласи со сенатската верзија.

Смит рече дека амандманот бил инспириран од „голем број книги и написи што укажуваат дека во владините институции на САД, вклучувајќи ги Форт Детрик, Мериленд и Плам Ајленд, Њујорк, се направени значителни истражувања за претворање крлежи и други инсекти во биолошко оружје“.

Книга објавена во мај од научниот писател на Универзитетот Стенфорд и поранешен заболен од лајмската болест, Крис Њуби, ги покрена прашањата за потеклото на болеста, која погодува 400.000 Американци секоја година.

Во „Каснат: тајната историја на лајмската болест и биолошкото оружје“ се цитира откривачот на лајмскиот патоген, Вили Бургдорфер, роден во Швајцарија, кој вели дека епидемијата на лајмска болест била воен експеримент што тргнал во погрешна насока.

Бургдорфер, кој почина во 2014 година, работел како истражувач на биолошко оружје за американската војска и вели дека бил задолжен за одгледување болви, крлежи, комарци и други инсекти што цицаат крв, и ги инфицирал со патогени што предизвикуваат човечки болести.

Според книгата, постоеле програми за испуштање крлежи и други инсекти од воздух, а неинфицирани бубачки биле пуштани во населени места во САД за да се открие како се шират. Тоа сугерира дека таа шема можеби тргнала на лошо и довела до ерупција на лајмската болест во САД во 1960-тите.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе