Конфликтот на Ерменија и Азербејџан се претвора во вистинска војна, двете страни одбија преговори (ВИДЕО)

Ерменија и Азербејџан вчера меѓсебно се обвинија за прекугранични напади, а двете држави го одбиваат и притисокот на меѓународната заедница да одржат мировни преговори додека нивниот конфликт во регионот Нагорно Карабах се претвора во вистинска војна.

EPA-EFE

Двете држави јавија за прекугранично пукање, западно од спорниот регион Нагорно Карабах, околу кој во неделата изби конфликт меѓу азербејџанските и ерменските сили.

Овие инциденти претставуваат дополнителна ескалација на конфликтот, иако Русија, САД и европските земји повикуваат на воздржаност.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за руската државна телевизија јасно отфрли каква било можност за преговори и кажа дека барањата на Ереван се неприфатливи.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан за истата телевизија кажа дека не може да има разговори додека борбите продолжуваат.

Во судирите до сега загинаа речиси сто луѓе, меѓу нив и цивили, а неколку стотици се повредени.

Канцеларијата на азербејџанскиот јавен обвинител објави дека загинале 12 цивили, а 35 се повредени, но Азербејџан сѐ уште не го објави бројот на воените жртви.

Нагорно Карабах, меѓународното призната територија на Азербејџан во која големо мнозинство сочинуваат Ерменците, соопшти дека загубил 84 војници. Ерменија во вторникот соопшти дека во бомбардирање загинало деветгодишно девојче, додека нејзините мајка и брат се повредени. Министерството за одбрана на Нагорно Карабах објави во саботата дека се убиени мајка и нејзиното дете.

Ерменското министерство за надворешни работи во вторникот јави за првата цивилна жртва на територијата на самата Ерменија, во градот Варденис кој се наоѓа на повеќе од 20 километри од Нагорно Карабах.

Ерменското министерство за одбрана соопшти дека цивилен автобус се запалил во тој град откако го погодил азербејџански дрон. Не се знае дали спомнатата жртва настрадала во тој инцидент.

Азербејџанското министерство за одбрана објави дека ерменската војска од Варденис го гранатирала регионот Дашкесан во Азербејџан, додека ерменската страна негира.

Овие судири ја зголемија загриженоста околу стабилноста на регионот јужен Кавказ, важен коридор со гасоводи и нафтоводи кои на светските пазари ги носат важните енергенси.

Нагорно Карабах е отцепен регион кој се наоѓа во рамки на Азербејџан, но ја водат етнички Ерменци. Од Азербејџан се отцепи во војната во 1990-тите, но не е меѓународно призната како независна држава.

Ако војната ескалира, во неа би можеле да се вклучат и регионалните сили Русија и Турција. Москва има одбранбен сојуз со Ерменија, додека Анкара го поддржува Азербејџан чие население е од турско потекло.

Ерменија вчера објави дека турски Ф-16 во ерменскиот воздушен простор урнал нејзин воен авион, при што загинал пилотот, но Турција одговори дека тоа е „апсолутно неточно“.

Кремљ претходно објави дека е во постојан контакт со Турција, Ерменија и со Азербејџан и порача дека секоја воена поддршка на некоја од страните би долеала масло на огнот.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во разговор со ерменскиот премиер ги повика двете страни да ги прекинат нападите и ја истакна потребата од брзо постигнување примирје и деескалација на кризата, соопшти Кремљ.

На моментален прекин на огнот и смирување на конфликтот вчера во телефонски разговори со лидерите на двете земји повика и германската канцеларка Ангела Меркел, објави нејзиниот портпарол Штефан Зајберт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе