Конфликт меѓу поранешниот и сегашниот украински претседател: „Судски ме гони од одмазда“

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко денес го обвини неговиот наследник Володимир Зеленски дека „судски ме гони од одмазда".

EPA-EFE

Порошенко минатата недела дојде на предистражното рочиште во Киев, придружуван од неколку илјади приврзаници.

Тој се соочува со 20 различни истраги под, како што рече, политички мотивирани обвинувања.

Во изјавата за Би-би-си, Порошенко рече дека неговиот пораз на минатогодишните избори доведе до тоа на клучни позиции во владата да се вратат проруски фигури.

Тој додаде дека се покажале како вистинити паролите од неговата предизборна кампања, дека гласот за Зеленски е всушност глас за рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека неговиот наследник не е „Путинов човек“, туку дека е неискусен и дека има луѓе во неговиот тим кои имаат симпатии кон Русија.

Реагирајќи на изјавата на Порошенко, Зеленски рече дека „секој политичар има право на мислење кое им го упатува на своите гласачи“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе