Конечно фатен серискиот силувач по кој трагаше Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчанскиот бербер, е уапсен денес во полициска акција во регионот на селото Малча, јавуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, тој бил уапсен на гробиштата во своето родно село Малча. Претходно денес беше јавено дека е забележан во селото од локалните жители.

Апсењето на Јовановиќ го потврди и високото јавно обвинителство во Ниш.

Потрагата по Јовановиќ траеше од 20 декември, кога ја киднапираше 12-годишната Моника Каримановиќ. Таа во меѓувреме беше најдена, по 10-дневна потрага.

Јовановиќ бил пуштен од притвор во март минатата година, откако му била изречена првостепена пресуда на пет месеци затвор поради малтретирање малолетничка на Фејсбук.

Малчанскот бербер претходно во два наврати бил осудуван за силување на 10 и 12 години затвор, кои ги одлежал.

Не се знае дали Јовановиќ е впишан во Регистарот на педофили на Србија, бидејќи таа информација не е достапна за јавноста.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе