Коосновачот на групата Пинк Флојд

Концертите на Роџер Вотерс во Полска откажани поради ставот за војната во Украина

Откажани се концертите на Роџер Вотерс, коосновачот на легендарната група Пинк Флојд, кои требаше да бидат одржани во Полска, на што претходеа дебати и критики за ставот на музичарот за војната во Украина.

EPA-EFE

Промоторот на концертот Лајв нејшн Поланд го потврди откажувањето, но не наведувајќи ја причината. Службеник на Таурон арената во Краков, каде Вотерс во април следната година требаше да одржи два концерти, кажа дека нема да има настап.

Контроверзиите ги почна писмото кое Вотерс го напиша на почетокот на септември на сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска. Во писмото, меѓу другото, тој наведе дека „екстремните националисти ја одведоа Украина во катастрофална војна“.

Вотерс го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „не ги исполнил предизборните ветувања за донесување мир во регионот Донбас“.

Сопругата на украинскиот претседател му одговори на Твитер, порачувајќи дека Русија е таа која ја нападнала Украина и која ги уништува нејзините градови и убива цивили.

„Роџер Вотерс би требало да бара мир од претседателот на другата земја“, напиша таа.

Писмото на Вотерс ја предизвика одлуката на градскиот совет на Краков да ги повика луѓето да ги бојкотираат неговите концерти.

Градските службеници изготвија и нацрт одлука за прогласување на Вотерс за непожелна личност, за што треба да биде гласано на седница на 28 септември.

„Земајќи го предвид криминалниот напад на Русија на Украина како и сè поголемиот број воени злосторства кои ги извршиле руските војници, службениците изразуваат огорченост од тезите и изјавите на господинот Вотерс во врска со руската инвазија на Украина“, се наведува во нацртот.

Вотерс во моментов е на турнеја во Соединетите Американски Држави, а на Фејсбук ги демантираше претходните медиумски извештаи дека тој ги откажал концертите. Тој го обвини градскиот совет на Краков за цензура на неговата работа.

Полската влада е сојузник на Киев од почетокот на руската воена операција во Украина. Ја поттикна Европската Унија да воведе построги санкции против Москва поради нападот кој почна на 24 февруари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе