Супертајфун Мангкат

Кон Филипините се приближува нешто многу посилно од Флоренс

Супертајфунот Мангкат се приближува кон Филипините, и околу четири милиони луѓе во северниот дел на земјата се загрозени, објави Си-ен-ен.

Мангкат е посилен од ураганот Флоренс, кој удри во источниот брег на САД, со ветрови со брзина до 285 километри на час, со што Мангкат според јачина е еднаков на ураган од петта категорија, наведе Си-ен-ен.

За сега, е извршена превентивна евакуација на нешто повеќе од 9.000 луѓе, соопштија властите на Филипините.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте во четвртокот свика состанок на Советот за природни катастрофи, на кој е одлучено воочи ударот на супертајфунот да бидат преземени вонредни мерки.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе