„Вистинското зло за кое треба да се зборува“

Комшиќ: Зад идејата за нон-пејперот на Јанша стојат екстремни десничарски сили во некои европски земји

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ изјави дека идеите кои се наведени во нон-пејперот, кој во Брисел го испрати словенечкиот премиер Јанез Јанша, не се нови, туку постоеја и пред почетокот на војната во БиХ, истакнувајќи дека тие би го означиле исчезнувањето на Босна и Херцеговина.

EPA-EFE

„Според тој документ, колку што гледам јас, не би останала Босна и Херцеговина. Тие нудат некоја сосема поинаква варијанта која ни беше понудена дури и пред да почне војната. И во војната беше нудена. Значи мали државички бошњачки, или како што тоа тие го викаат муслимански“, наведе Комшиќ.

Тој оцени дека објавениот нон-пејпер укажува дека денес во властите во оделни европски земји силите кои ги заговараат идеите се „мотивирани од антиисламизам и антисемитизам“.

Додаде дека „тоа е вистинското зло за кое треба да се зборува“.

Комшиќ кажа дека тоа не се нови нешта, но дека претходно „не ја имале оваа форма и политичка заднина“.

„Сега кога тоа се разгоре во полно светло, кога е осветлено од светските медиуми, светлата на рефлекторите, гледам дека многумина прашуваат што е ова. Знаете на што личи тоа. Не треба да ви падне слон во око за да видите дека слон оди кон вас“, им кажа Комшиќ на новинарите во Сараево.

Истакна дека овие работи не се од вчера, туку дека „сето тоа е подготвувано и бог знае што сè ќе излезе во следните денови врзано за оваа приказна“.

„Нормално дека е опасно, тој екстремен фашизам, национализам и шовинизам, кој ја презема власта во одделни европски земји и ги доби институциите на располагање, како дипломатскиот апарат, разузнавачките служби, цели државни инфраструктури е поопасен од што беше претходно откако дојде до сите тие инструменти на власта“, оцени хрватскиот член на Претседателството на БиХ.

Според него, повеќе не може да се зборува за некоја умерена христијанска десница која Европа ја познаваше по Втората светска војна.

Министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ изјави дека територијалниот интегритет е неспорен и дека почнување на распад на БиХ би ја отворило Пандорината кутија која би го дестабилизирала целиот Западен Балкан. „Територијалниот интегритет на БиХ е неспорен. Уверена сум дека никој сериозен во Европската Унија не може да усвои идеја дека има право да загрозува нечиј интегритет, па дури и ако во БиХ имаме ретроградни сили кои се обидуваат тоа да го наметнат како легитимна приказна“, наведе Турковиќ.

Таа додаде дека „очигледна е целта да се отвори Пандорината кутија и да се дестабилизира состојбата на Западниот Балкан“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе