Претседавачот на Претседателството на БиХ

Комшиќ: Не може од Србија да се прави газда на Балканот

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ изјави дека поддршката на Ангела Меркел на политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ е „лош сигнал“.

EPA-EFE

„Германската канцеларка одбра таков формат на средбата, не знам зошто. Кај Вучиќ отиде уште еднаш да му даде поддршка, што сметаме дека е лоши и испраќа лош сигнал, но тоа е така. Не гледам зошто канцеларката отиде кај Вучиќ на гости освен тоа“, кажа Комшиќ.

Тој истакна дека од Србија „не може да се прави газда на Балканот и дека сите земји мора да имаат рамноправен третман“.

„Од таква сериозна земја како што е Германија и сериозна личност како Меркел очекувате да бидат подобро информирани“, кажа Комшиќ.

„Нема дилема дека на институциите во Берлин им недостасуваат некои информации, само е прашањето што е целта на таа политика. Ако е целта да се прави од Србија регионален шеф, тоа нема да помине. Можеме да бидеме еднакви и само на таа основа можеме да разговараме. Нема повеќе газди на Балканот“, кажа Комшиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе