„Што се однесува до учеството на хрватската војска во мисијата на Еуфор, тоа едноставно не е прифатливо“, изјави Комшиќ.
Додаде дека земјите кои учествувале во воените операции во текот на војната во БиХ не можат да бидат во составот на Еуфор, пренесуваат босанските медиуми. Се потсетува дека ова не е првпат да се спомнува можна улога на Хрватска во мисијата на Еуфор. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во мај годинава изјави дека не му е јасно тоа што 25 години по војната „во Еуфор нема ниту еден хрватски офицер“.
Опстанокот на мисијата на Еуфор во БиХ ќе биде тема на седницата на Советот за безбедност на ОН на почетокот на октомври, и сè уште не се знае како ќе гласа Русија. Ако Москва не го одобри продолжувањето на мисијата на Еуфор во БиХ, НАТО силите имаат мандат да се распоредат како гарант на мирот и стабилноста, наведува Кликс.