Претседателски избори

Комичарот Зеленски е наредниот претседател на Украина

41-годишниот Зеленски е најпознат по тоа што се појавува во политичка сатирична драма во која неговиот лик случајно станува претседател на Украина.

Украинскиот комичар Володимир Зеленски убедливо победи во вториот круг од изборите и ќе стане следниот претседател на државата, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Според анкетите, тој има повеќе од 70 отсто поддршка. Доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога на ливчето беа 39 кандидати.

Зеленски му беше противкандидат на актуелниот претседател Петро Порошенко.

Порошенко призна дека изгубил, но рече дека нема да ја напушти политиката.

Претседателот на Украина има значајни овластувања во врска со безбедноста, одбраната и надворешната политика на земјата.

„Никогаш нема да ве изневерам“, им рече денеска Зеленски на своите поддржувачи.

Тој рече: „Иако сè уште не сум формално претседател, како државјанин на Украина можам да им порачам на сите постсоветски држави: 'Видете нè нас! Сè е можно!'“

Ако се точни анкетите, тој ќе биде избран за петгодишен мандат.

Анкетите му дадоа на Порошенко, кој е на власт од 2014 година, 25 отсто од гласовите.

Милијардерот беше избран откако со протести беше соборена претходната, проруска украинска влада.

41-годишниот Зеленски е најпознат по тоа што се појавува во политичка сатирична драма во која неговиот лик случајно станува претседател на Украина.

Без никакво политичко искуство, неговата кампања се фокусираше на неговите разлики од другите кандидати, а не на конкретни политички идеи.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе