Комерсант: Рокот за дијалогот на Белград и Приштина е крајот на април, Дачиќ го усогласува ставот со Москва

Белград смета дека ќе ја усогласи позицијата околу Косово со Москва, пишува руски Комерсант во текст посветен на посетата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на Русија.

Весникот наведува дека на денешната средба на Дачиќ со неговиот руски колега Сергеј Лавров главната тема на разговорите ќе биде Косово, бидејќи до крајот на април треба да се разјасни судбината на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Во тие услови Србија планира да добие поддршка или барем разбирање од Москва за својата позиција во тој дијалог“, наведува Комерсант. Тоа би требало да ја зајакне позицијата на Србија во завршната фаза на преговорите.

Рускиот весник оценува дека, иако Русија не учествува во преговорите за Косово, „дури и нејзината симболична поддршка за Белград е важна, имајќи предвид дека конечното решение за Косово треба да биде одобрено во Советот за безбедност на ОН“.

„Иако во Белград постојано ѝ се заблагодаруваат на Москва за поддршката во решавањето на косовското прашање, приодите на двете земји по тоа прашање не се исти. (Претседателот на Србија) Александар Вучиќ ја турка идејата за разграничување со Приштина, како услов за нормализација на односите. Во Москва сметаат дека тоа фактички ќе значи признавање на Косово од страна на Белград“, пишува Комерсант.

Весникот додава дека во Москва критички се однесуваат и кон договорот меѓу Србија и Косово, поддржан од ЕУ, верувајќи дека ќе ги претвори во протекторати на НАТО.

И покрај одлучувачката етапа во преговорите, и претседателот на Србија и шефот на српската дипломатија немаат ништо против да ја добијат поддршката од Москва. Дури и ако тоа не му помогне на Белград да добие подобри варијанти за решавањето, на граѓаните ќе може да им се објави дека е усогласено со Москва, пишува Комерсант.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе