Командантот на источнолибиската војска го посети рускиот носач на авиони (ВИДЕО)

Воениот командант на источна Либија Халифа Хафтар го посети рускиот носач на авиони во Средоземно Море, јавуваат руските медиуми, што се толкува како знак на поддршка на Москва на бунтовниците што се против либиската влада составена под покровителство на ОН.

Хафтар бил примен на единствениот руски носач на авиони кој се враќа од мисијата крај брегот на Сирија кон Русија.

Тој бил пречекан од офицерите, го разгледал бродот и потоа преку видеоврска разговарал со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за борбата против терористите на Блискиот Исток, соопшти руското министерство за одбрана.

Либија е сѐ уште поделена на две фракции на истокот и западот кои поддржуваат спротивставени влади и парламенти.

Хафтар, кој ги поддржува источниот парламент и влада, веќе две години се бори со својата Либиска национална армија против исламистите и другите милитанти во Бенгази и други места на истокот од земјата, Многумина го сметаат за единствен кој може да ја обедини поделената земја, но ја нема поддршката од Западот.

Во ноември минатата година тој се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва, каде што побара руска помош во борбата против исламистите во Либија. Кремљ официјално му нема ветено воена поддршка.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе