Команданти на руската и американската војска разговарале за првпат од почетокот на војната

Генералниот командант на американската војска Марк Мајли телефонски разговарал со началникот на генералштабот на руската војска Валериј Герасимов, објави Пентагон, што е нивен прв разговор од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

EPA-EFE

„Воените лидери разговараа за неколку прашања врзани за безбедноста и се договорија дека врските за комуникација ќе останат отворени“, кажа портпаролот на Мајли.

„Во согласност со досегашната пракса, деталите на нивниот разговор ќе останат тајни“, додаде портпаролот. Во соопштението на американската војска не се спомнати конкретните прашања за кои се расправало.

Руската новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на руското министерство за одбрана, објави дека двајцата генерали разговарале за прашањата од „заеднички интерес“, вклучувајќи ја Украина.

Разговорот бил извршен откако американскиот министер за одбрана Лојд Остин разговараше со својот руски колега минатата недела, а шефот на Пентагон повика на итен прекин на огнот во Украина.

Соединетите Американски Држави и Русија воспоставија специјална телефонска линија од почетокот на руската воена операција во Украина на 24 февруари.

„Црвениот телефон“ за деескалација се наоѓа во центарот на европската команда на американската војска во Штутгарт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе