Командант на Армијата на БиХ: Наскоро би можело да дојде до нова војна во Босна

Воениот командант на Армијата на Босна и Херцеговина Сефер Халиловиќ оцени дека е сосема можен нов оружен конфликт во БиХ доколку властите на Република Српска продолжат со намерата за спроведување на референдумот најавен за 25 септември, и покрај забраната од Уставниот суд на БиХ, пренесува Индекс.

Во разговорот, кој вчера вечерта го емитувала сараевската телевизија ТВ 1, Халиловиќ кажал дека со спроведувањето на референдумот претседателот на Република Српска Милорад Додик „опасно се приближил до црвената линија“ која значи крај на Дејтонскиот договор.

Референдумот, според Халиловиќ, би значел демонтирање на договорот кој во 1995 стави крај на тригодишната војна во БиХ, а со тоа воедно би се вратила правната состојба која била на сила пред тоа.

„Ние во тој случај се враќаме на Република БиХ“, кажал Халиловиќ, кој во 1992 и 1993 ја вршел должноста началник на Генералштабот на Армијата на БиХ, а сега е лидер на Босанскохерцеговската патриотска партија (БПС).

Разликата во однос на тогаш е што сега повеќе ја нема ЈНА, истакнал тој, а Србија не е во состојба да ги помага босанските Срби како што тоа го правеше во времето на Слободан Милошевиќ, нема повеќе договор „Туѓман-Милошевиќ“ за поделба на Босна, а и Црна Гора се издвои.

„Република Српска според сите параметри може да издржи десет до петнаесет дека во некој конфликт“, оценил пензионираниот генерал на Армијата на БиХ.

Тој му испратил апел на Додик да се разговара ако треба и сто години наместо да се војува, но истовремено му порачал дека треба да му биде јасно дека обидот за распарчување на БиХ „нема да мине мирно“.

Поранешниот началник на Генералштабот на босанската армија одговорил потврдно на прашањето дали има доволно луѓе во БиХ на сите страни кои се спремни пак да војуваат.

Целата приказна за референдумот Халиловиќ ја опишал како одлична предизборна тема со која Додик практично ја матирал опозицијата пред општинските избори закажани за 2 октомври.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе