Колумбија во ОН ќе предложи регионален пакт за Амазонија

Колумбискиот претседател Ован Дуке кажа дека на Генералното собрание на Обединетите нации што во септември ќе се одржи во Њујорк ќе изнесе предлог за зачувување на Амазонија, како одговор на пожарите што пустошат во тој регион познат како „белите дробови на планетата“.

„Сакаме да ги водиме подготовките за пакт за зачувување во кој би учествувале земјите на кои амазонската територија им е заедничка“, кажа колумбискиот претседател во индијанското сели Исла Ронда, на крајниот југ на земјата, во департманот Амазонас, на границата со Перу и Бразил.

„Во моментов ситуацијата со пожарите кај нас не може да се спореди со онаа во Бразил, но мора да бидеме подготвени и оваа посета треба да биде огласување на алармот“, додаде Дуке.

Тој уште во саботата од Кали упати „повик до меѓународната заедница дека за зачувување на амазонските бели дробови освен зборови потребни се финансиска и научна поддршка“.

Колумбискиот претседател по телефонскиот разговор со бразилскиот колега Жаир Болсонаро кажа дека парите ќе се користат и за борба со прекуграничниот криминал поврзан со шверцот на видовите во Амазонија.

Покрај Колумбија и Бразил, Амазонската прашума се протега низ Перу, Боливија, Венецуела, Гвајана, ФРанцуска Гвајана, Суринам и Еквадор.

Според најновите податоци објавени викендов, од почетокот на годината во Бразил избиле над 79.513 нови пожари, од кои повеќе од половина во Амазонија.

Благодарение на меѓународниот притисок на кој придонесе и самитот Г7 кој пожарите во Амазонија ги стави на својот дневен ред, Бразил вчера конечно се активираше и испрати два авиони Ц-130 херкулес кој над прашумата ги фрлија првите десетици илјади литри вода.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе