Колку ја чини Црна Гора криминалот

Криминалот минатата година го оштетил буџетот на Црна Гора за околу 36,4 милиони евра, што е значително повеќе во однос на претходната година, соопшти црногорската полиција.

EPA-EFE

Секторот за борба против организираниот криминал и корупцијата на надлежните државните обвинителства им поднел 181 кривична пријава со кои се процесирани 446 физички и 116 правни лица, пренесува РТЦГ.

Со поднесените кривични пријави е опфатена материјална штета која се проценува на околу 76 милиони евра и за околу 44 милиони евра поголема во однос на штетата од 2019 година.

„Направената штета на буџетот на Црна Гора се проценува на околу 36,4 милиони евра (во 2019 година била 16,1 милион), додека штетата за правните лица изнесува околу 39,6 милиони евра (во 2019 15,8 милиони), и во двата случаи е значително повеќе во однос на штетата од 2019 година“, соопшти црногорската полиција.

Минатата година биле процесирани осум отсто повеќе лица во однос на 2019 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе