Секторот за борба против организираниот криминал и корупцијата на надлежните државните обвинителства им поднел 181 кривична пријава со кои се процесирани 446 физички и 116 правни лица, пренесува РТЦГ.
Со поднесените кривични пријави е опфатена материјална штета која се проценува на околу 76 милиони евра и за околу 44 милиони евра поголема во однос на штетата од 2019 година.
„Направената штета на буџетот на Црна Гора се проценува на околу 36,4 милиони евра (во 2019 година била 16,1 милион), додека штетата за правните лица изнесува околу 39,6 милиони евра (во 2019 15,8 милиони), и во двата случаи е значително повеќе во однос на штетата од 2019 година“, соопшти црногорската полиција.
Минатата година биле процесирани осум отсто повеќе лица во однос на 2019 година.