Колку би издржала Северна Кореја против американската војска?

Севернокорејската воена машинерија би издржала најмногу три недели кога би влегла во војна со САД. Иако има околу шест милиони војници спремни за борба, експертите тврдат дека тие не можат долго да војуваат.

Лидерот на Пјонгјанг Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваат еден на друг и, доколку продолжат, сосема е можно да почне војна.

И покрај сите санкции и меѓународни осуди, Пјонгјанг продолжува со развојот на нуклеарната и ракетната програма.

Брус Бехтол, професор на универзитетот на Тексас и поранешен аналитичар на Пентагон за Североисточна Азија тврди дека во случај на војна, севернокорејските сили брзо би останале без залихи, пренесува британски Експрес.

„Севернокорејците имаат залихи за две до три недели војна – муниција, храна, гориво. Тоа е сѐ што имаат. Значи, нивниот воен план е да ги постигнат сите цели за кратко време бидејќи потоа ќе живеат од она што ќе го најдат на земја“, вели Бехтол.

Кога американската војска и оружје допрва ќе почнат да пристигнуваат на Корејскиот Полуостров, севернокорејската војска веќе ќе почне да се распаѓа поради недостигот од залихи, смета тој.

Бехтол објасни и дека на американскиот претседател Доналд Трамп би му биле потребни три недели за да ги префрли тенковите, артилеријата и војската во тој регион.

„Прво што треба да направи е да ја натовари сета воена опрема на бродови. Тешката артилерија и тенковите се разместени насекаде по САД и Европа. За нивното преместување ќе биде потребно време“, смета Бехтол.

Сепак, американскиот експерт во својата анализа не ја пресметал евентуалната помош за Пјонгјанг од страна на Русија и Кина, на кои воопшто не им одговара американска војска на и околу Корејскиот Полуостров.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе