Пред Трамп

Колку американски претседатели ја бојкотирале инаугурацијата на својот наследник и кои се тие?

Четириесет и петтиот врховен командант ќe стане само четвртиот што ја прескокнал оваа церемонија.

Фото: ЕПА

Доналд Трамп ќе стане четвртиот претседател во историјата на Соединетите Држави што ја бојкотирал инаугурацијата на својот наследник и со тоа ќе прекрши преседан долг 150 години, вели Индипендент. Имаше шпекулации дека тој нема да присуствува на положувањето заклетва на Џо Бајден на 20 јануари, откако неколку недели лажно тврдеше дека изборите во ноември биле „украдени“.

Дури откако приврзаниците на американскиот претседател упаднаа во Капитол минатата среда, тој ги призна изборите, вети „уредна транзиција“ и ја соопшти својата одлука дека нема да оди на инаугурацијата на Бајден.

Тој напиша на Твитер: „За сите што прашаа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“.

Тој твит ќе се покаже како негов последен, откако Твитер го блокира поради изборни дезинформации и поттикнување на толпата што упадна во Конгресот, неколку часа подоцна во петокот.

Трамп ќе биде првиот американски претседател по Ендрју Џонсон во 1869 година што ја бојкотира инаугурацијата на својот наследник и само четвртиот што го сторил тоа.

Џонсон, кој стана претседател по атентатот врз Абрахам Линколн во 1865 година, беше толку непопуларен во сопствената партија што беше отповикан од Претставничкиот дом и потоа ги загуби изборите во 1864 година од Јулисис С. Грант.

Изборниот губитник од 1868 година остана во Белата куќа да потпишува закони дури и додека неговиот ривал положуваше заклетва да го замени, на неколку метри од него.

Историчарите велат дека Џонсон одбил да присуствува затоа што Грант одбил да се возат во иста кочија на патот до инаугурацијата.

Како што рече за Си-ен-ен Томас Балцерски, вонреден професор по историја на Државниот универзитет во Источен Конектикат, ситуацијата во тоа време била „мошне поларизирана“, а инаугуративните бојкоти биле „лоша постапка, дури и тогаш“.

Џон Адамс (во 1801 година) и неговиот син Џон Квинси Адамс (во 1829 година) исто така отсуствувале додека нивните наследници положувале заклетва, по изборните трки што се сметаат за бедни - дури и според денешните стандарди.

Адамс, вториот американски претседател и првиот што загубил на избори, во 1801 година едноставно одбил да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на Томас Џеферсон, чии приврзаници го нарекуваа Адамс „одвратен хермафродит“.

Но, вели професорот Балцерски, „за избегнувањето на инаугурацијата на Џеферсон Адамс можеби беше мотивиран од желбата да ја спушти политичката температура во главниот град“.

Синот на Адамс, Џон Квинси Адамс, ќе стане вториот претседател што ја бојкотирал инаугурацијата на својот наследник, по изборниот реванш со Ендру Џексон во 1828 година.

Двајца други претседатели, Мартин Ван Бурен (во 1841 година) и Вудроу Вилсон (во 1924 година), исто така не беа присутни на инаугурациите на своите наследници, но тие отсуства не се сметаат за таков бојкот.

Историчарите тврдат дека помеѓу Ван Бурен и Вилијам Хенри Харисон и Вилсон и Ворен Џ. Хардинг немало никакво непријателство, а дека меѓу причините било слабо здравје.

За синот на Ван Бурен се смета дека бил болен за време на инаугурацијата на неговиот наследник, додека Вилсон се возел со својот наследник до церемонијата, но не останал, поради последици од мозочен удар.

Ричард Никсон не присуствуваше на инаугурацијата на Џералд Форд, откако Никсон поднесе оставка кон средината на својот втор мандат во август 1974 година.

Според Историското здружение на Белата куќа, „Актуелниот претседател не беше таму, но овој настан се сметаше за наследување на функцијата претседател, а не за традиционална инаугурација“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе