Хрватската претседателка

Колинда понижена во Брисел: Јункер среде прес-конференција разговарал на мобилен и пишувал пораки (ВИДЕО)

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во Брисел одржала заедничка прес-конференција со Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија. Јункер, меѓутоа, не бил претерано заинтересиран за тоа што има да каже Грабар Китаровиќ. Тој среде прес-конференцијата се јавил на телефон, што е значаен дипломатски гаф.

На шефот на Европската комисија мобилниот телефон му заѕвонил во џебот во моментот кога Грабар Китаровиќ зборувала за новите искуства на Хрватска како членка на Европската Унија. Јункер одговорил на повикот, кратко разговарал, а потоа продолжил да пишува пораки на него.

Хрватската претседателка немала избор освен да продолжи со говорот, правејќи се дека игнорирањето од страна на Јункер не ѝ пречи.

„Минаа две години од влегувањето во ЕУ. Сѐ уште трае периодот на учење на маса, меѓутоа мислам дека дојде време Хрватска многу посилно да ја одработи својата улога околу креирањето заеднички одлуки“, кажала Грабар Китаровиќ, повремено погледнувајќи го Јункер кој мртов-ладен си чепкал по мобилниот.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе