Произведуваат 200.000 шишиња во минута

Кока-кола: „Луѓето сè уште ги сакаат пластичните шишиња“

Кока-кола нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреба, затоа што потрошувачите сè уште сакаат да ги користат.

„Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња затоа што се практични, можат да се затворат и се лесни“, изјави за Би-би-си Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во компанијата Кока-Кола.

Оваа компанија, која е една од најголемите производители на пластичен отпад, вети дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња што ќе ги користи до 2030 година.

Меѓутоа, борците за животна средина тврдат дека многу шишиња сепак ќе завршат во депониите.

Овој гигант за пијалаци произведува околу три милиони тони пластична амбалажа годишно, што изнесува 200.000 шишиња во минута.

Во 2019 година, хуманитарната организација „ Ослободете се од пластика“ (Break Free from Plastic) ја прогласи Кока-Кола за најголем загадувач меѓу брендовите.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Беа Перез рече дека компанијата сфатила дека отсега треба да биде „дел од решението“ на проблемот.

Кока-кола се обврза во своите амбалажи до 2030 година да користи најмалку 50% рециклиран материјал. Таа исто така најави соработка со невладини организации ширум светот за да се подобри собирањето на шишињата.

Сепак, Беа Перез истакнува дека компанијата не може целосно да се откаже од пластиката - како што сакаат некои активисти, бидејќи тоа значително би ја намалило продажбата, рече таа.

„Нема да работиме добро, ако не се грижиме за потрошувачите“, рече таа.

„Затоа, како што ќе ја менуваме инфраструктурата за производство на шишиња и ќе го воведуваме системот за рециклирање и иновирање, исто така ќе треба да им укажеме на потрошувачите какви се придобивките. Тие ќе се менуваат со нас“.

Беа Перез исто така рече дека го почитува идеализмот на младите активисти, како што е 19-годишната Мелати Вијсен, која минатата година, со помош на својата сестра Изабел, ги убедила властите на островот Бали да ја забранат еднократната употреба на пластични кеси, пластични сламки и стиропор. Поради овој вид пластика дошло до загадување на околните мориња што сериозно наштетило на морскиот живот.

Таа исто така рече дека се сложува со апелите компанијата да ги постигне своите цели и пред 2030 година, иако не кажа какви чекори ќе преземе доколку не се случи така.

„Мора да ја достигнеме оваа цел и без сомнение ќе успееме“, заклучи таа.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе