Кока-кола и Пепси го напуштаат лобито на производителите на пластика

Компаниите Кока-кола и Пепси, двата најголеми продавачи на пластични шишиња со пијалак, решија да го напуштат лобито на производителите на пластика, објави Си-ен-ен.

Двете компании за безалкохолни пијалаци работат на зголемување на употребата на еколошки попогодна пластика, односно сакаат да ја подобрат својата инфраструктура за рециклирање и да употребуваат производи што може да се рециклираат. Тие не се согласија со кампањата на Здружението на индустријата за пластика, поради која во државите на САД забраната на пластиката е прогласена за незаконска.

Здружението зазеде ставови што „не се целосно во согласност со нашите обврски и цели“, објави Кока-кола минатата недела, истакнувајќи дека претходно оваа година се повлекла од групата. Пепси искоментира дека се приклучила во здружението за да дознае за иновациите за „постигнување кружна економија на пластиката“, но тоа не се случило.

„Прекинувањето на нашето партнерство со Здружението на индустријата за пластика е знак дека компаниите сфаќаат дека не можат јавно да ја промовираат свеста за животната средина додека финансиски поддржуваат здружение што лобира за континуирана употреба на пластиката за еднократна употреба“, рече Џон Хосвар, директор на Гринпис САД Океани.

Кока-кола во 2017 година произведе 3,3 милиони тони пластика, а таквите податоци за Пепси сè уште не се достапни. Двете компании се обидуваат да најдат начини да ја намалат употребата на пластиката за еднократна употреба и да го зголемат рециклирањето. Тие, исто така, истражуваат алтернативи за пластичната амбалажа, како што алуминиумските, кои се полесни за рециклирање.

Компанијата ПепсиКо неодамна објави дека нејзината вода „аквафина“ од следната година ќе се продава во алуминиумски лименки.

„Справувањето со пластичниот отпад е еден од моите главни приоритети“, рече Рамон Лагуарта, извршен директор на „ПепсиКо“.

Пепси се обврза дека до 2025 година ќе користи само биоразградлива амбалажа, која може да се компостира или рециклира, а Кока-кола вети дека во наредните 11 години ќе премине на изработка на шишиња и лименки што барем 50% се состојат од рециклиран материјал.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе