Кој во Германија одбивал маска, сега добива долготрајна забрана за јавниот превоз

Германската железница ги изрече првите долгорочни забрани за користење на нивните превозни средствата на лицата кои одбивале да носат заштитни маски, јавуваат германските медиуми.

EPA-EFE

„Дојче бан изрече забрана за сообраќање со своите средства на повеќе од десет лица поради повеќекратно одбивање на носење заштитни маски“, кажа портпаролката на концернот за весникот Велт ам зонтаг.

На тие лица во следните шест месеци им е забрането да ги користат превозните средства на германската железница, и во меѓуградскиот и во локалниот сообраќај, а забрането им е и да влегуваат во железничките станици во земјата.

Кај поголемиот дел од лицата кои се казнети со забрана за возење станува збор за припадници на групите кои го негираат постоењето на пандемијата на коронавирусот.

Тие во декември на социјалните мрежи постираа видео во кое без заштитна маска се возат во вагон на Дојче бан и притоа ги малтретираат патниците со маски.

Во случај на непочитување на изречената забрана Дојче бан се подготвува да поднесе кривична пријава за попречување приватен имот.

Во Германија од воведувањето на првите мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот минатата пролет се разви и сцената Кверденкер (во слободен превод – оние кои размислуваат надвор од вообичаените рамки), сочинета од луѓе кои се противат на мерките и на протестите редовно го негираат постоењето на пандемијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе