Кој е серискиот педофил по кој трага Србија? (ВИДЕО)

Цели шест дена во Србија трае голема потрага по дванесетгодишната Моника Каримановиќ која исчезна на 20 декември, рано наутро, откако заминала на училиште.

Потрагата се интензивираше вчера кога сите траги почнаа да укажуваат дека со исчезнувањето на девојчето е поврзан озлогласениот повеќекратен силувач Нинослав Јовановиќ од Малча, познат како „Малчанскиот бричач“, а кој во март годинава повторно излегол од затвор.

Опсежната потрага полицијата ја продолжи во текот на ноќта и денес, а во неа се вклучени кучиња трагачи, термовизиски камери и хеликоптерски единици, како и 220 полицајци и припадници на Жандармеријата. Полицијата денес темелно ги пребаруваше селата во регионот на централна Србија, но не најдоа нови траги кои би откриле каде е девојчето.

Но, кој е серискиот педофил „Малчанскиот бричач“ кој веќе шест дена ѝ бега на полицијата со новата жртва? Монструозен педофил кој ги граба девојчињата, им ја стрижи косата а потоа ги силува.

Монструмот, како што може да се заклучи од сведоштвата на жртвите, редовно за време на злоставувањето им ја стриже косата на своите жртви. Отсечена коса вчера била најдена во штала на една куќа, а се сомнева дека косата ѝ припаѓа на грабнатата Моника.

Две недели пред да ја грабне Моника Јовановиќ, според српските медиуми, во фризерски салон одвел девојче за кое кажал дека му е ќерка и побарал да ја истрижат. Утредента се вратил и побарал да му ја дадат нејзината коса.

„Малчанскиот бричач“ е повеќекратно осудуван силувач, а една од претходните жртви за Вечерње новости раскажала потресно сведоштво.

„Пред петнаесет години тој човек ми правеше ужасни нешта од кои никогаш не се опоравив. Кога слушнав дека е пуштен од затвор, умрев од страв. Не поради себе, туку поради своето дете. Сега јас имам ќерка, малечка е, има пет години, но сепак се плашам бидејќи тој манијак е на слобода. Оваа вест дека Моника исчезнала ми го врати филмот. И јас тогаш имав 12 години. Сите ужаси повторно ги преживувам“, кажа 27-годишната Н.П.

Таа пред 15 години била грабната и силувана од „Малчанскиот бричач“. Се присетила дека тој влегол во нивната куќа и се претставил како пријател на нејзиниот татко кој недолго претходно починал. Ги замолил нејзиниот брат и неа да тргнат со него, за нешто да му помогнат. На половина пат го прашал девојчето дали сака да ја продаде својата коса на фризерски салон за пари. Бидејќи сумата била привлечна, таа се согласила, а нејзиниот брат се вратил дома по ножици.

„Кога останав сама со него, ме одведе на сосема друга страна“, се потсетува на морничавите детали сега мајката на три деца.

„Скршнавме и одевме низ некои ниви. Знаев дека нѐ измами. Се обидов да избегам, но не успеав. Ме одведе во една напуштена куќа. Ми се закануваше, кажа дека насекаде има негови луѓе и да не се обидувам да избегам, дека ќе ме убијат ако ме видат. Тогаш извади ножици и почна да ме стрижи. Плачев, а потоа ме силуваше. На крајот на денот ми кажа дека може да си одам и ме пушти. Со години го сонував тој кошмар“, раскажа жртвата.

И роднините на Нинослав Јовановиќ велат дека се во шок и во страв од Јовановиќ.

„Тешко ни е, и ние сме во шок. Стравуваме како и сите за нашите животи, а притоа сите покажуваат со прст во нас. Тој е отпишан за нас, не сме го виделе со месеци“, изјави за Новости еден од роднините на Јовановиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе