Кој е Личност на годината – Грета Тунберг или Доналд Трамп? (ФОТО)

Фотографијата на младата еколошка активистка Грета Тунберг од насловната страница на Тајм се појави вчера во кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп.

Трамп во четвртокот кажа дека е „смешно“ тоа што Тајм ја избра младата Швеѓанка Грета Тунберг за личност на годината.

Набрзо потоа беше објавена фотошопирана фотографија на Транп наместо Тунберг на еден од официјалните профили на Твитер (@TrumpWarRoom).

„Кога станува збор за одржување на ветеното, постои само една личност на годината“, се наведува во твитот, во кој понатаму се наведени Трамповите „постигнувања“, вклучувајќи „цутење на економијата“, изградбата на антиемигрантскиот ѕид кон Мексико, како и трговските договори.

Ова не е ни прв конфликт на 73-годишниот американски претседател и тинејџерката Тунберг, како ни прв необичен фотошоп на кампањата на Трамп.

Младата активистика и милијардерот веќе „војуваа“ на Твитер, по страсниот говор на Грета во Обединетите нации во септември, во кој тинејџерката ги критикуваше светските лидери за тоа што не реагираат на климатските промени.

Ова е исто така трет пат во два месеци штабот на кампањата на Трамп да објави негова фотошопирана фотографија со главата на американскиот претседател на тело на друга личност.

На крајот на ноември главата на Трамп се најде на телото на филмскиот боксер Роки Балбоа, односно на глумецот Силвестер Сталоне, а неодамна осамна и фотографија на американскиот претседател со телото на негативецот Танос од серијалот „Авенџерс“ на Марвел.

Вашингтон пост пред две години пишуваше дека Трамп има повеќе фотошопирани насловни страници со личност на годината на ѕидовите на неговите имоти. Поради тоа Тајм побара спорените лажни насловни да се отстранат. Трамп беше личност на годината на Тајм во 2016 година.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе