Кој е човекот поради кој јапонската принцеза се откажа од титулата (ВИДЕО)

По четири години врска, јапонската принцеза Мако се мажи со Кеј Комуро, 30-годишен дипломиран правник што живее во Њујорк. Оваа свадба беше предмет на многубројни расправии и дискусии.

Фото: ЕПА

Нејзината тригодишна врска е обележана со скандали и шпекулации во медиумите поради случувањата околу нејзиниот вереник. Некои Јапонци сметаат дека обичен граѓанин, кого го одгледала самохрана мајка, не е достоен за една принцеза, вели Си-ен-ен.

Принцезата Мако, која во саботата наполни 30 години, е внука на царот Нарухито и порасна во текот на 1990-те години во границите на царскиот дом. Таа брзо ја освои јавноста.

„Нејзините манири се беспрекорни. Луѓето ја сметаа за совршен член на царското семејство“, вели Микико Тага, јапонска новинарка.

Принцезата студираше уметност и културно наследство на Меѓународниот христијански универзитет во Токио. Таму го запозна Комуро, човекот што е роден само три недели пред неа, во октомври 1991 година, во семејство со значително поскромна имотна состојба, пренесува Си-ен-ен.

Го одгледала самохрана мајка откако како мал ги изгубил таткото, бабата и дедото, наведуваат локалните медиуми. Откако дипломирал во 2014 година, работел во адвокатска канцеларија во Токио пред да добие стипендија за студирање право во Правното училиште Фортхам во Њујорк. Принцезата потоа почнала да студира во Обединетото Кралство.

Парот повторно се сретна во 2017 година и ѝ ја објави својата свршувачка на воодушевената јапонска јавност. Принцезата рече дека „неговата насмевка е како сонцето“ и дека со текот на времето открила „дека тој е искрен, силен и вреден работник со големо срце“.

Јапонските медиуми го нарекоа „Принц на морето“, според ликот што го играл во кампањата за туризам на плажата за градот Фуџисава, јужно од Токио. Изгледаше дека сѐ оди добро, но тогаш сѐ тргна во спротивна насока.

Одложување на свадбата

Парот планираше да се венча во 2018 година, но нивната венчавка беше одложена. Царското семејство соопшти дека до одложувањето дошло поради „недостиг од подготовки“, но другите веруваат дека ова е поради извештајот дека мајката на Комуро не го вратила долгот од 36.000 долари што ги позајмила од поранешниот свршеник.

Комуро ги оспори сите овие наводи велејќи дека мајка му овие пари ги добила како подарок, но дека тој сѐ ќе плати за да се реши спорот. Мајката на Комуро дел од парите што ги добила од свршеникот наводно искористила за образованието на својот син. Поради тоа медиумите не престанаа да го критикуваат неговото семејство.

Меѓутоа, таблоидите тогаш почнаа да го сецираат секој дел од неговиот приватен живот, а некои го нарекоа „спонзоруша“. Комуро во април објави долг документ од 28 страници во обид да го реши спорот и да исправи колку што е можно повеќе информации.

„Иако во САД луѓето би мислеле дека постапките на неговата мајка немаат врска со Комуро, во Јапонија ова го сметаа за проблематично, па финото и љубезно момче го прикажуваа како пресметлив опортунист“, рече Тономура.

Некои велат дека неодобрувањето на воспитувањето на Комуро повеќе зборува за родовата нееднаквост во Јапонија, која има поголем јаз меѓу половите од сите земји на Г7, пренесува Си-ен-ен.

„Презир“ спрема свршеникот на принцезата

„Презирот“ на еден дел од јавноста кон него стана очигледен минатиот месец, кога тој стигна во Јапонија. Косата му беше подолга од претходно и врзана во коњско опавче. Многумина се прашуваа зошто ја пуштил косата и заклучија дека таа фризура не е прифатлива за маж што се подготвува да се ожени со принцезата.

Некои на социјалните мрежи твитуваа поддршка за неговиот изглед, додека други истакнуваа дека тој не е соодветен младоженец за царската невеста. Коњското опавче можеби не би предизвикало толкава фама кај Западот, но во Јапонија се очекува својот статус лицето да го одразува преку своите постапки и зборови.

Опавчето луѓето го гледаа како знак дека Комуро не се однесува во склад со општествените очекувања, истакнува професорката за женски и родови студии на Универзитетот во Мичиген, Хитоми Тономура. Комуро го исече опавчето пред венчавката. Светските медиуми истакнуваат дека во Јапонија се вратил како дипломиран правник и дека работи во една њујоршка адвокатска фирма.

Царската венчавка

Склучувањето на бракот главно ќе биде објавено преку пополнување документација, а потоа ќе се одржи конференција за новинарите.

Иако склучувањето брак меѓу обичен граѓанин и припадник на царско семејство не е невообичаено во Јапонија, необично е изоставувањето на помпата за кралска венчавка.

Мако дури ја одби вообичаената исплата од 1,3 милиони долари што им се дава на жените што го напуштаат семејството.

По склучувањето на бракот, Мако, која никогаш порано немала презиме ниту пасош, ќе се подготви за преселување во Њујорк.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе