Кои се опциите за извлекување на момчињата од пештерата? (ВИДЕО)

Смртта на поранешниот специјалец фрли сенка врз обидите за спасување на 12-те момчиња и нивниот тренер кои се веќе речиси две недели во пештера на северот на Тајланд. Главното прашање е како момчињата да се извлечат на безбедно, а нови проблеми се јавуваат од минута во минута.

Најголемата опасност е во најавата на нови обилни дождови на тоа подрачје за време на викендот, што значи дека спасувачите ќе мора да реагираат во најкраток можен рок за да ги спасат животите на момчињата и да ги извлечат на безбедно.

Спасувачката акција дополнително ја искомплицира и драматичниот пад на кислородот во пештерата. Веднаш почна акција за внесување боци со кислород за момчињата, но стана јасно дека плановите за чекање неколку недели, па дури и месеци, за да се спасат момчињата сега паѓаат во вода.

Иако се појавија информации дека момчињата поради исклучително тешката ситуација би можеле да се обидат да ги спасат уште денес, тајландската влада го демантираше тоа. Момчињата, како што кажаа, веќе научиле да нуркаат, но секој обид да се извлечат од пештерата денес би завршил трагично, беше кажано на вонредна прес конференција.

Спасувачите сега имаат три главни опции, а секоја од нив носи одредени проблеми, пишува Си-ен-ен.

Првата опција е да се извлечат момчињата од пештерата пред да почнат дождовите. Спасувачите ја разгледуваат опцијата со помош на боци со кислород да се извлечат со нуркање низ тунелите. Станува збор за многу опасна опција бидејќи повеќето момчиња не ни знаат да пливаат, а почнале да учат да нуркаат пред неколку дена кога беа најдени.

Втората опција е некако да се дојде до момчињата од површината. Десетици војници, спасувачи и локалци трагаат по природни оџаци, дупки во тлото на површината кои би можеле да бидат поврзани со пештерата каде што се момчињата. Со други зборови, се бара досега непознат влез во пештерата.

Десетици војници, спелеолози, други експерти и локални жители кои го познаваат теренот „чешлаат“ прилично голема површина. Станува збор за див терен со густи дрвја и растенија па многу е веројатно непознатиот влез во пештерата, ако воопшто постои, да е покриен со зеленило и невидлив.

Третата, сега веќе незамислива опција, е да се чека со месеци да се спушти нивото на водата и да мине сезоната на монсуните. Бидејќи тоа ќе трае со месеци, спасувачите стравуваат дека таа опција е невозможна токму поради фактот што нивото на кислород во пештерата паѓа и дека се најавени нови дождови кои може да ја потопат пештерата.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе