Кои се најскапиот и најевтиниот град за живот во светот

Најголемиот град во Израел Тел Авив е најскап во светот, покажува анализа објавена денес во британскиот магазин Економист.

EPA-EFE

Тел Авив ја презема водечката позиција од францускиот главен град Париз, кој сега се наоѓа на второто место со Сингапур.

Зад овие три града следат Цирих, Хонг Конг и Њујорк.

Анализата на трошоците за живот направена за оваа анализа опфатила 173 држави, а споредувани се над 200 производи и услуги.

Најголем пад на листата на најскапи градови бележи Рим. Главниот град на Италија падна од 32 на 48 место.

Највисоката цена на бензинот е во Хонг Конг – 2,5 долари по литар.

За најевтин град за живот е прогласен сирискиот главен град Дамаск.

Со анализата е утврдени дека проблемите во синџирите за набавка и антиепидемиските мерки кои ги ограничија производството и трговијата придонеле на порастот на трошоците за живот во многу градови.

Трошоците за транспорт пораснале поради растот на цените на горивата, а забележан е значителен пораст на цените на тутунот, производите за лична хигиена и забавни содржини.

Ова е поредокот на десетте најскапи градови: Тел Авив, Париз, Сингапур, Цирих, Хонг Конг, Њујорк, Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака.

Следат Осло, Сеул, Токио, Виена, Сиднеј, Мелбурн, Хелсинки, Лондон, Даблин, Франкфурт и Шангај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе