„Автономна област Северно Косово, посебен статус за СПЦ“

Коха објави нон-пејпер дека Србија ќе го признае Косово, германскиот амбасадор вели „лажна вест“

Германскиот амбасадор на Косово, Јерн Роде, денес изјави дека таканаречениот француско-германски „нон-пејпер“ во изданието на косовскиот медиум Коха диторе е лажна вест.

Фото: ЕПА

„Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе постои автономен регион Северно Косово“, пишува, меѓу другото, во наводниот нон-пејпер објавен од приштинскиот весник Коха диторе.

Весникот наведува дека, според тој документ, Српската православна црква треба да има посебен статус, додека Митровица би била заедничка економска зона.

Предвидено е сите договори постигнати досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година.

„Србија, по ратификацијата на правно обврзувачкиот договор, би била обврзана да не го попречува членството на Косово во меѓународните и регионалните организации.“

Косово нема да смее да ѝ воведува трговски бариери на Србија, додека таа ќе треба да го почитува статус квото во однос на косовското меѓународно присуство. Што се однесува до договорот во овој документ, се предлага „секоја страна, според меѓународното право, да ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на другата страна“, вели Коха.

„Страните потврдуваат дека ќе ги регулираат своите граници и ќе ги обележат само преку заеднички договор, дека ќе ги решат споровите со мирни средства и ќе се воздржат од закани или употреба на насилство во согласност со европскиот дух на решавање на споровите преку дијалог. Двете страни треба да имаат за цел зајакнување на меѓусебната доверба, добра волја и толеранција и ќе работат заедно за унапредување на мирот, стабилноста и развојот во регионот. ЕУ, во име на двете страни, треба да ангажира независно тело за обележување на границата меѓу страните“.

Редакцијата го добила документот за кој се вели дека е „нон-пејпер“ подготвен од Германија и Франција, како заедничка иницијатива на двете земји да го продолжат дијалогот и да го заокружат со конечен договор, пренесува Н1.

Коха Диторе не можел да ја потврди автентичноста на документот, но во текстот се вели дека некои дипломати со кои тие разговарале потврдиле дека точките споменати во документот се повеќе или помалку во согласност со она што се дискутира во дијалогот.

Германскиот амбасадор на Косово Јенс Роде рече дека „таканаречениот германско-француски нон-пејпер“ објавен од Коха Диторе е лажна вест“.

„Можеби постои документ, но тој сигурно не е подготвен од Германија и Франција. Ние им даваме целосна поддршка на преговорите предводени од ЕУ, како што и истакна министерот за надворешни работи на Германија Хеико Мас минатиот четврток во Приштина“, објави Роде на Твитер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе