Коха: Никогаш појасна порака дека Косово за ЕУ не е држава

Косово во Европската Унија не се третира како суверена држава, но функционерите на ЕУ тоа прашање секогаш го релативизираат зборувајќи за „ервопската перспектива“, пишува Коха диторе.

EPA-EFE

Во текстот се наведува дека, меѓутоа, никогаш до сега не било толку јасно дадено до знаење дека Косово не е држава за Европската Унија и дека не може да се пријави за членство во Унијата, како што тоа неодамна го направи портпаролот на ЕУ Петер Стано на конференција за новинарите, пренесува Косово онлајн.

Коха потсетува дека Стано ова го кажа одговарајќи на прашањето дали Косово може да се пријави за членство во ЕУ, откако сега е дел од обврските во документите потпишани во Вашингтон, каде што беше ветено дека нема да се бара членство во меѓународните организации.

Стано не сакаше да коментира што се случило во Вашингтон, кажувајќи дека тоа ги засега страните во договорите, а не ЕУ, туку се ограничи на објаснувања во врска со можноста Косово да аплицира за членство во ЕУ.

„Што се однесува до вашето прашање дали Косово ќе може да се пријави за членство во ЕУ, морам да ве потсетам на фактот дека сѐ уште има пет држави членки кои тоа не го признале. Косово сѐ уште не е во можност да поднесе формална пријава за членство во ЕУ“, кажа портпаролот на ЕУ, додавајќи дека Косово има јасна европска перспектива.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе