Коха: Могерини испраќа тим за надгледување на изборите на Косово

Косовската централна изборна комисија потпиша договор со канцеларијата на ЕУ за набљудувачка мисија на предвремените парламентарни избори на Косово на 6 октомври.

Приштинска Коха диторе пишува дека шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ќе испрати тим кој ќе го надгледува текот на изборите.

Заменик шефот на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Рикардо Сери, прецизираше дека тоа ќе биде петти пат ЕУ да го следи изборниот процес на Косово и додаде дека Мисијата на ЕУ и претходно ѝ давала на централната изборна комисија препораки, но дека тие не биле спроведени на претходните избори.

Според него, договорот подразбира пристигнување на тим кој ќе ги надгледува изборите, а шефот на тимот, како што кажа, ќе го именува шефицата на дипломатијата на ЕУ во заминување Федерика Могерини.

Претседателката на косовската изборна комисија Валдете Дака кажа дека набљудувањето на изборите е еден од најважните сегменти на изборниот процес и порача дека потпишувањето на тој договор претставува спремност на изборната комисија да го унапреди изборниот процес.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе