Вкупните трошоци се околу пет милиони

Коха: Кабинетот на Харадинај потрошил речиси 700.000 евра на ручеци

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и неговите соработници во текот на наполни две години на власт потрошиле 672.223 евра, пишува приштинска Коха диторе. Се додава дека за вкупните трошоци од косовските буџет биле издвоени пет милиони евра.

Податоците се претставени во изјавата за трошоците, проследена од владата, а врз основа на барање за пристап до јавни информации.

Надлежните институции не ја доставиле во предвидениот рок бараната информација, туку тоа го направиле дури по жалбата поднесена од Заштитникот на граѓаните, пишува Коха диторе.

Се наведува дека и доставените податоци не се во согласност со барањето, бидејќи претставуваат збирен трошок за некоја категорија кои ги вклучуваат сите вработени во кабинетот, но не и трошоците кои ги направил само Харадинај.

Врз основа на официјалните податоци, кабинетот на косовскиот премиер потрошил вкупно 4.885.189 евра, од кои само за ручеци се потрошени 672.223, додека за снабдување со храна и безалкохолни пијалаци се потрошени и повеќе од тоа – 688.224 евра.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе