Коха диторе: Приштина пред „спектакуларен неуспех“ во Интерпол

Приштинскиот весник Коха диторе пишува денес дека косовските власти добиле порака од меѓународната полициска заедница дека оваа година нема да успеат да влезат во Интерпол.

Сепак, како што наведува весникот, поради инсистирањето на премиерот во оставка Рамуш Харадинај досега не ја повлекле пријавата.

Весникот јавува дека еден од замениците на Харадинај кажал дека тврдоглавоста на досегашниот премиер „ќе му донесе на Косово спектакуларен неуспех“.

Интерпол прифати барањето на Приштина да влезе во дневниот ред на неговото Генерално собрание, кое следната недела се одржува во Чиле.

Ангола ќе биде државата известувач и ќе се бави со барањето поднесено од Приштина.

Приштинскиот весник потсетува дека ниедна држава не го признала Косово меѓу двете заседанија на меѓународната полициска организација.

Еден од петте потпретседатели на косовската влада, кој за Коха зборувал под услов на анонимност, кажал дека „поради политичкиот контекст во кој се наоѓа Косово речиси е невозможно да се извлече каков било успех во процесот за членство“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе