Коха диторе: Макрон организира самит Белград-Приштина, се знае и датумот

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да организира самит на делегации на Србија и Косово следниот месец во Париз, пренесува приштинскиот весник Коха диторе.

EPA-EFE

Станува збор за средба што треба да покаже дека покрај Соединетите Американски Држави, и Европската Унија е активна со својот претставник Мирослав Лајчак, кој е во тридневна посета на Косово.

Коха дознава дека Макрон планира да ги собере претставниците на Белград и Приштина на 17 јули.

Претходно, самитот како германско-француска иницијатива требаше да биде одржан на 1 јули минатата година, но беше откажан поради царините од 100 отсто на српската стока.

Тогашниот премиер на Косово Рамуш Харадинај, и покрај барањата на Франција и Германија, одби да ги укине царините.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе